123
Поранешниот македонски репрезентативец, напаѓачот Илија Несторовски е во центарот на вниманието на хрватските медиуми затоа што со пукнато ребро беше најдобар играч на теренот на последниот меч на Славен Белупо.
Несторовски даде два гола во победата од 4-1, а на почетокот од дуелот добил напукнување на ребро, но го доиграл мечот до крајот.
„Ништо страшно, само ми напукна реброто по судирот со голманот. Стиснав заби, но тоа не е важно, можеби не требаше да го споменеме. Важно е тоа што победивме и освоивме три бодови“, кажа Несторовски.
Несторовски оваа сезона одигра 11 натпревари за Славен Белупо во хрватската лига, постигна три голови, има и три асистенции.