Палермо засега е без пораз по шесте одиграни кола во
Серија Б, тимот од Сицилија забележа три победи и исто толку ремија, па со 12
бода заостанува еден бод зад Перуџа и Фросиноне.
Синоќа тимот од Сицилија на домашен терен славеше победа
над последнопласираниот Про Верчели, и тоа со пресврт од 2-1, а двата гола за
Палермо ги постигна Илија Несторовски.
Сепак, нашиот интернационалец во 85. минута доби и втор
жолт картон на мечот а со тоа предвреме беше испратен во соблекувалната.
Несторовски со два гола ја реши ПроВерчели па поцрвене! (ВИДЕО)
Денеска беше изречена казната за нашиот 27 годишен
репрезентативец, а истата гласи еден меч суспензија, со што Несторовски ќе го
пропушти саботното гостување кај Асколи, во рамките на седмото коло од Серија
Б.
Извор: mediagol.it