Несреќен и болен пораз за Звезда на „Драгао“, Мора ги расплака во 90. минута! (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

По ремито со Селтик, Црвена звезда вечерва го доживеа првиот пораз во сезоната, белградскиот клуб загуби на гостувањето кај Порто со 2-1.

Домашниот тим рано уште во 8. минута дојде до водство преку Вилијам Гомеш кој беше прецизен од пенал. Звезда се врати во игра по половина час, кога 17-годишниот Василије Костов со убав удар ја затресе мрежата за 1-1.

Во второто полувреме српскиот шампион имаше повеќе од играта и создаде неколку изгледни шанси, но изостана реализацијата, а тоа го искористи Мора кој во 90. минута реализираше брза контра и донесе победа за Порто.

Во истата вечер пораз запиша и Ренџерс на Бојан Миовски, шкотскиот клуб со 2-1 загуби на гостувањето кај Штурм Грац. Македонскиот репрезентативец играше цело второ полувреме откако влезе од клупа на местото на Антман.

Успешна вечер имаше Динамо Загреб кој стигна до својата втора победа со резултат 3-1. Хрватскиот тим славеше на гостувањето кај Макаби, иако домаќините поведоа во 14. минута. Но, Динамо за само пет минути направи пресврт со голови во 16. и 19. минута, а потоа ја потврди победата со уште еден погодок.

ОСТАНАТИ РЕЗУЛТАТИ:

Базел – Штутгарт 2-0

Селта – Паок 3-1

Генк – Ференцварош 0-1

Лион – Салцбург 2-0

Нотингем  Форест – Митјиланд 2-3

Можно е и ова да ти се допаѓа

×