Нервозно на клупата на Барса, помошникот на Сетиен со многу замерки и пцовки по играчите (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Камерите на
Мовистар уловија интересни случувања на клупата на Барселона на синоќешниот
дуел со Реал Мадрид. Во главана улога беше помошникот на Кике Сетиен, Едер
Сарабија.

Тој прилично беше
френетиен, на моменти иритиран и бесен. Имаше многу замерки за играчите и по
некоја пцовка.

Не се штедеше
кога Антоан Гризман не ја искористи шансата во првиот дел, а „удри“ и по уште
неколку играчи чие име не може да се дознае од видеото.

„Тоа додавање не
требаше да биде кон Буси (Серхио Бускетс), требаше да 
оди странично“
, „Не прави ништо
од работите кои треба да ги прави“
, и „Шутни, шутни по ѓаволите“ беа дел од негодувањата
на Едер Сарабија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×