6
Во рамки на младинската Лига на шампиони, Келн на домашен терен го пречека Интер, а сцената на трибините беше вистински спектакл. „Рајн Енерџи“ беше исполнет до последното место, со официјален капацитет од 49.698 гледачи, додека од клубот тврдат дека бројката ја надминала границата од 50.000, што претставува апсолутен рекорд во ова натпреварување.
Посебен шмек на вечерта ѝ дадоа најверните навивачи на Келн, кои со пиротехничко шоу создадоа атмосфера каква ретко се гледа и на сениорски натпревари. Стадионот буквално „експлодира“ во 80. минута, кога Шентен погоди за 1-1 и накратко донесе надеж дека е можно големо изненадување. Сепак, радоста ја расипаа гостите кои го добија мечот со 1-3.