Непријатна сцена: Зејнулаи доби шут во глава од свој соиграч! (ВИДЕО)

by riste
0 минути читање

Во првото полувреме на дуелот меѓу Шкендија и Јагелонија немаше голови, но имаше еден момент кој ги потресе присутните на Националната арена „Тодор Проески“, Зејнулаи за момент загуби свест.

Несреќниот момент се случи во финишот од првото полувреме кога Алхасан невнимателно го шутна во глава својот соиграч Зејнулаи. Лекарскиот тим на Шкендија веднаш интервенираше на теренот. Фудбалерот се освести и беше заменет. На негово место влезе Красниќи.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×