439
Сараево под водство на новиот директор Крсте Велковски, е во преговори со поранешниот хрватски репрезентативец и екс играч на Јувентус, Марко Пјаца.
Триесетгодишниот офанзивец е слободен играч по разделбата со Динамо и се поврзуваше со Трабзонспор и клубови од Саудиска Арабија. Сепак, сега постои реална можност да се пресели во редовите на босанскиот клуб..
Доколку трансферот се реализира, Пјаца ќе им се приклучи на Стефан Ристовски, Агон Елези, Адем Љајиќ и останатите нови засилувања, со што Сараево дополнително ќе ја зацврсти амбицијата за враќање на шампионската титула.