Неочекуван гостин прекина меч во МЛС, па голманот мораше да биде „херој“ (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Натпреварот меѓу Ванкувер Вајткепс и Остин беше на кратко прекинат на стартот поради неочекуван гостин.

На теренот се најде глувче кое еден од фудбалерите го забележа. Тогаш на сцена стапи голманот на Остин, Бред Стувер кој го фати глувчето и го изнесе од теренот.

Покажувајќи дека може да спасува и повеќе од голови, голманот Бред Стувер ги искористи своите рефлекси за да фати глувче и да го изнесе од теренот“, се пошегуваа од ЕСПН.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани