1,3K
Баерн Минхен на
првиот меч пред своја публика славеше со 5-0 против Бешикташ, но тука не запре,
па славеше и на гостински терен, овој пат со 1-3 по што избори место меѓу
осумте најдобри во Лигата на шампионите.
На мечот кој се
одигра на „Водафон“ арената во Истанбул, имаше неочекуван гостин на теренот,
поточно мачка која за момент го принуди англискиот арбитар Мајкл Оливер да го
прекине натпреварот.
Она што е исто
така интересно, Баерн Минхен на својата анкета за тоа кој бил најдобар поединец
на теренот, доби неочекуван одговор од своите фанови, токму мачката…
