Необични повреди за време на карантин: Играчи на Jунајтед се изгореле додека готвеле, биле каснати од куче…

by
1 минути читање

Поради ситуацијата со коронавирусот, фудбалерите на Манчестер јунајтед се во своите домови во карантин, клупските доктори немаат многу работа во овој период, но Стив МекНајл открива дека имал интервенции за некои необични повреди.

„За среќа, најголемиот дел од момците се добри и немаше вистински потреби за интервенција деновиве“, вели МекНајл.

„Немаме некои повреди, иако имаше неколку невообичаени како што се изгореница на рака од готвење или каснување од куче, некои такви работи“.

„Нутриционистот преку страна на инстаграм им држи часови за готвење на играчите, па за многу од нив ова е нова вештина, и еден или двајца се повредија во процесот на готвење“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×