77
Припадници на руската
полиција ќе ги посетат „Олд Трафорд“ и „Енфилд“ за да соберат што е можно
повеќе информации за англиските навивачи на стадионите во пресрет на Светското
првенство.
Според информациите,
припадници на руската полиција ќе присуствуваат на мечот помеѓу Манчестер
јунајтед и ЦСКА Москва во вторник, а ден подоцна и на дуелот помеѓу Ливерпул и
Спартак Москва, и двата во рамките на Лигата на шампионите идната седмица.
Овие
активности се дел од подготовките на Светското првенство кое идната година ќе
се одржи токму во Русија, а активностите се со цел да се спречат било какви инциденти на Мундијалот.