337
Пред почетокот на денешниот натпревар помеѓу Австрија и Босна и Херцеговина видовме една необична ситуација во која селекторот на гостите, Ралф Рагник со велосипед дојде до своето место на клупата.
Искуствениот стратег со велосипедот помина речиси преку целиот терен, додека навивачите му испраќаа силни свирежи.
Набрзо стигна и објаснување за ваквиот потег на поранешниот тренер на Манчестер јунајтед. Имено, Рагник непосредно пред натпреварот заработил повреда на ногата, па полесно му било со велосипедот да дојде до клупата.
Ragnick na biciklu izlazi na Bilino polje pic.twitter.com/lpIfEB1wmM
— Sport bez cenzure (@sportbezcenzure) September 9, 2025