Необичен совет за младата ѕвезда на Барса: Јамал ќе биде најдобар во светот кога ќе најде девојка!

by bojan
1 минути читање

Поранешниот фудбалер, Пауло Футре го советува Ламин Јамал што поскоро да си најде девојка, на тој начин ќе има поголем фокус на фудбалот.

Ламин Јамал важи за еден од најдобрите млади фудбалери и се очекува во иднина тој да стане и еден од најдобрите фудбалери во светот.

Легендата на Атлетико Мадрид, Пауло Футре сега излезе со необичен совет, вели дека напаѓачот што поскоро да си најде девојка.

„Ламин Јамал е млад и многу е важно да си најде девојка“ – вели Футре во разговор со новинарот Жозеп Педрерол, кој остана збунет и праша, „Што?

„Да, Ламин Јамал е млад (18 години) и многу е важно да си најде девојка“.

„Кога јас ја запознав мајката на моите деца, станав 100% професионален фудбалер“.

„Без сомнеж, таа ми помогна повеќе да се фокусирам на фудбалот. Не излегував толку често, почнав да имам и поголемо влијание во соблекувалната“.

Изминативе месеци, Ламин Јамал често беше во фокусот на јавноста поради причини кои не се поврзани со фудбалот.

Летоска на Ибица се забавуваше со далеку постарата инфлуенсерка Фати Васкез, потоа бурно го прослави својот 18-ти роденден, а имаше и кратка врска со познатата Ники Никол.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×