Ненормалното трошење на Гвардиола продолжува, во Сити пристигнува нов бек за рекордна сума

by
1 минути читање

На Етихад ова
лето веќе пристигнаа Бернанрдо Силва за 50 милиони евра, Едерсон Морашен за 40
милиони евра како и Кајл Вокер за околу 55,5 милиони евра, а треба да пристигне и Данило за 30 милиони евра.

Трансферот на
десниот бек од Тотенхем беше еден од најскапите во историјата, но Пеп Гвардиола и Манчестер
Сити се надминаа со зделката за Бенџамин Менди од Монако.

Клубот од
Стадионот Луј Втори ги натера „Граѓаните“ да платат рекордни 52 милиолни фунти
(околу 57,75 милиони евра) за 23 годишниот лев бек.

Тие три пати до
сега го одбија Сити, последниот предлог изнесуваше 50 милиони евра (44.5
милиони фунти), но не можеа да кажат НЕ на последната рекордна сума.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани