„Немој да си потпишал за Манчестер Сити… има само еден клуб за тебе!“ – Нани открива каков совет му дал на Бруно Фернандеш

by
1 минути читање

Бруно Фернандеш
во јануари потпиша за „ѓаволите“ во зделка вредна 55+25 милиони евра, одлично
се адаптираше на новата средина и со него во тимот, Мачестер јунајтед заигра
далеку подобро.

Португалецот уште
минатото лето беше на агендата на клубот од Олд Трафорд, а интерес пројавија
уште неколку клубови, помеѓу кои и Манчестер Сити.

Во разговор со
Гол, Нани открива дека веднаш стапил во контакт со Бруно Фернандеш кога ги
слушнал гласините, му порачал дека во никој случај не смее да потпиша за
„граѓаните“ и дека има само еден клуб за него – Манчестер јунајтед.

„Кога ги прочитав
гласините и видов со кого се го поврзуваат, му кажав, „Немој да си го одбрал
Манчестер Сити, немој да си одбрал некој друг клуб… Само Манчестер јунајтед
е за тебе“. По неколку месеци, тој се пресели на Олд Трафорд па бев среќен што одлуката
на Бруно Фернандеш беше иста со советот кој му го дадов“
– вели Нани, кој 8
години беше дел од „ѓаволите“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×