344
Ветеранот Чиро Имобиле летово се врати во италијанскиот фудбал и тоа во дресот на Болоња, но на дебито за новиот клуб се соочи со тешка повреда.
Имобиле мораше да биде заменет по само 30 минути на теренот во натпреварот со Рома кој римскиот клуб го доби со 1-0.
По направените прегледи од лекарскиот тим на Барселона било утврдено дека Имобиле заработил две повреди на различни мускули на десната нога и ќе биде надвор од терените најмалку два месеци.
Во истиот натпревар повреда заработи и дефанзивецот Касале кој според информациите ќе паузира околу еден месец.