Немања Здравковиќ ја зацврсти дефанзивата на Пелистер

by 24 фудбал
0 минути читање

Пелистер продолжува со засилувањата за новата сезона, а четвртото летно ново име во тимот е искусниот српски стопер Немања Здравковиќ.

Зелено-белиот дрес ќе го носи 32-годишниот дефанзивец кој стави потпис на едногодишен договор и официјално беше промовиран како ново засилување на „Тумбе кафе“.

Здравковиќ доаѓа како дополнително решение за задната линија, а првите минути во дресот на битолскиот прволигаш треба да ги забележи на некој од пријателските натпревари до крајот на месецот.

Досега во Битола пристигнаа Марјан Ристовски, Стефан Спировски и Петар Ристиќ.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×