823
Српскиот фудбалер Немања Матиќ во наредниот период би можел да се врати во Италија бидејќи за него се заинтересирани Наполи и Фиорентина.
Иако, Матиќ во август ќе наполни 37 години игра стандардно во Лион и со добрите настапи го привлече вниманието на себе.
Матиќ има договор со Лион до крајот на јуни 2026 година, па така негово враќање во Италија би било поверојатно во текот на летниот преоден рок.
Италијанеците се надеваат и дека можат да ги искористат финансиските проблеми со кои во последно време се мачи Лион.