„Турските тимови
немаат шанси против македонските, загубија на пет натпревари, а притоа имаат
само едно реми во меѓусебните дуели во европските натпреварувања…“ пишува турскиот медиум во веста.
Кошмарот за нив
почна од 2001. Година кога Победа со две победи, 2-1 на гости и 2-0 на домашен
терен го елиминираше Ризеспор во Интертото купот.
Во сезоната
2015/16 македонската фудбалска јавност нема да го заборави големиот успех на
Работнички во третото квалификациско коло на Работнички, каде елиминиран беше богатиот
Трабзонспор, со домашен триумф од 1-0 и гостинско реми од 1-1.
Македонската
надмоќ во меѓусебните клупски дуели последен сега ја почувствува и Фенербахче,
и тоа со два порази во плејоф рундата од квалификациите за пласман во групите
од Лига Европа, најнапред со пораз од 2-0 во Скопје, и вечерашниот 1-2 пред
својата публика.