250
Фудбалерот на Тотнем, Ив Бисума, е изоставен од составот за натпреварот против Пари Сен Жермен во УЕФА Суперкупот поради дисциплински причини, односно поради неговите чести доцнења.
Лондонскиот клуб во мечот за трофејот како освојувач на Лигата на Европа ќе го предизвика европскиот првак на „Фриули“.
„Бисума не е тука поради дисциплински причини. Доцнеше во повеќе наврати, а последниот пат беше премногу. Тоа не е добар пример за останатите тимски колеги и затоа мора да сноси последици. Кога ќе се вратиме дома, ќе разговараме со него“, изјави тренерот на Тотнем, Томас Франк.
Средбата меѓу Тотнем и ПСЖ во Удине се игра вечерва во 21:00 часот.