Нема публика, нема атмосфера, но „Скај Спортс“ и „БТ Спорт“ би понудиле една доста интересна опција

by
1 минути читање

На Островот
активно се разгледуваат сите можни сценарија околу можното продолжување на
актуелната сезона, нормално, целта најмногу се сведува од финансиски причини,
меѓутоа останува прашањето колку сиве овие навестувања се реални, ако се земе
во предвид дека Франција, Белгија и Холандија ја прекинаа сезоната и
официјално, а постојат такви најави и во Италија.

Како и да е, нема
никакви дилеми дека во случај натпреварите на Островот да продолжат, на истите
нема да има публика на трибините, но сопствениците на ТВ правата како „Скај
Спортс“ и „БТ Спорт“ би понудиле една крајно интересна опција за своите гледачи.

Иако официјално нема потврда за ова, но, според пишувањата на „Спортсмејл“,
гледачите пред малите екрани ќе имаат можност да слушаат атмосфера за време на
натпреварите преку една опција која ќе ја овозможат ТВ куќите.

Се работи за еден
посебен аудио канал кој ТВ куќите ќе им го овозможат на своите гледачи,
форматот е истиот оној кој „Скај“ го користеше за „ФанЗона“ каналот со
коментаторите од претходно.

Дополнително,
пишувајќи на оваа тема, „Спортсмејл“ подвлекува дека базирајќи се на информации
од свои извори, една компанија која се бави со технологија веќе креирала
иновативен систем за Премиерлигата која може да вметне дури и аудио снимки од
навивачи кои ги гледаат натпреварите пред малите екрани, за истите да бидат пренаменети.

Како и да е, „Дејли
Мејл“ наведува дека ниту „Скај Спортс“, ниту „БТ Спорт“ се уште се немаат јавно
изјаснето околу овие идеи.

За крај, кога сме
кај „Премиерлигата“, да проследиме дека „Дејли Мејл“ објави дека клубови веќе
почнале да го известуваат сиот свој персонал за тоа дека фудбалот ќе се врати
на 13. јуни, можеби и нешто порано од тоа (6. јуни), а подготовките стартуваат
во средината од мај.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×