„Нема пропусница, нема доручек“ – Клоп раскажа како обезбедувањето во Катар не го препознало (ВИДЕО)

by
1 минути читање

„Црвените“ се во
Катар каде утре ќе играат полуфинале на Светското клупско првенство. Јирген
Клоп во разговор со БиБиСи раскажа како не му бил дозволен влез на доручек
бидејќи со себе ја немал акредитацијата.

„Се симнувам на
доручек, на човекот од обезбедувањето му велам, „Добро утро“, а тој ми вели „Пропусница“.
Му го покажав грбот на Ливерпул на облеката, но тој само ме погледна бледo и ми
повтори, „Пропусница“. Имаме акредитации на кои пишува дека сме членови на ФК
Ливерпул и треба да ги носиме. Обезбедувањето не е наше, луѓето се од Катар. Па
морав да се вратам во собата, да ја земам акредитацијата и да влезам на доручек.
Човекот не е виновен, јас сум виновен. Мислиме дека сме центарот на вниманиетом
а не сме. На многу места ширум светот, други работи се поважни“
– вели харазматичниот
Германец со насмевка на лицето.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×