Нема одиграно ниту една минута за Челси цела сезона, а има поголема плата од првиот играч Кол Палмер

by bojan
1 минути читање
Палмер

Маланг Сар можеби нема одиграно ниту една минута оваа сезона за Челси, но си „лапа“ убава плата од 100.000 фунти неделно или нешто над 5 милиони фунти годишно.

Многу работи се сменија на Стемфорд Бриџ по пристигнувањето на Тод Боли, новиот сопственик можеби се расфрла со пари на трансфер пазарот и троши како никој друг, но има строги политики кога се во прашање платите.

Па тоа доведе до чудна ситуација, Маланг Сар иако оваа сезона не одигра ниту една минута, заработува повеќе од Кол Палмер, кој е прв играч на „сините“.

Англичанецот, кој постигна 22 погодоци во Премиерлигата и додаде уште 10 асистенции, има неделни примања од околу 75.000-80.000 фунти.

За разлика од него, Маланг Сар, кој пристигна во Лондон во 2020 но не се изнаигра многу, без да се испоти оваа сезона, заработува преку околу 100.000 фунти неделно, или нешто над 5 милиони фунти годишно.

Токму високата плата беше една од причините зошто Французинот не ја промени средината во јануари.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани