Нема милост за тепањето на навивачите: Индепендиенте жестоко казнет!

by 24 фудбал
1 минути читање

Аргентинскиот клуб Индепендиенте е исклучен од Копа Судамерикана 2025 поради насилните инциденти меѓу навивачите на дуелот со Универсидад де Чиле, соопшти Јужноамериканската фудбалска конфедерација (КОНМЕБОЛ). Судирите кои се случија пред две недели на стадионот во Буенос Аирес резултираа со 19 повредени лица, а користени биле и различни оружја.

КОНМЕБОЛ донесе одлука Индепендиенте да одигра 14 натпревари на интернационален план без поддршка од публиката и да плати парична казна во висина од 250 илјади долари. Санкција доби и чилеанскиот клуб кој ќе треба да уплати 270 илјади долари. Двата тима ќе мора да играат по седум домашни натпревари пред празни трибини и уште седум гостувања без свои навивачи.

Со оваа одлука Универсидад де Чиле се пласира во четвртфиналето каде ќе се сретне со Алианс Лима од Перу. Натпреварот на 20 август на стадионот „Либертадорес де Америка“ беше прекинат поради недостаток на безбедност откако дошло до сериозни инциденти, повеќе апсења и тешки повреди. Во моментот на прекинот резултатот беше 1:1, што ја носеше чилеанската екипа понатаму поради победата од 1:0 на првиот меч.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×