Нема крај на малерите, Бејл се повреди додека се опоравуваше од повреда

by
1 минути читање

Герет Бејл никако да крене глава од проблемите со повреди. Фудбалерот оваа недела, наместо да и се приклучи на репрезентацијата на Велс, остана во Мадрид за да работи на фитнесот и што побрзо да се врати на терените откако санирањето на повредата му влезе во завршна фаза.

Но наместо да биде во комбинација за дуелот со Атлетико Мадрид следниот викенд, фудбалерот ќе биде надвор од стојот уште неколку недели.

Реал Мадрид соопшти дека на вчерашниот тренинг Герет Бејл се пожалил на болки во мускулот па денеска врз играчот биле извршени серија тестови.

„Кралевите“ најавија дека ситуацијата на играчот ќе продолжи да се следи, но според АС, на Герет Бејл му претстои пауза и до еден месец, ако во предвид се земат големиот број на проблеми кои тој ги има по преселбата во Мадрид.

Герет Бејл претходно се пожали на повреда на дуелот со Дортмунд на крајот од септември, тогаш Зинедин Зидан рече дека не е ништо страшно, но играчот од тогаш не одигра ниту една минута.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани