Во текот на вчерашниот ден беа тестирани фудбалерите на Академија
Пандев и Борец, како и стручниот штаб и раководните лица на македонските прволигаши за Ковид-19.
Од Академија
Пандев наведоа дека протоколот од Фудбалската федерација на Македонија се
почитува, а од вчера тимот почна со тренинзи во помали групи, веќе денес
пристигнаа резултатите од тестирањето.
„Пристигнаа
резултатите од вчерашните тестови за КОВИД-19 и сите тестирани се негативни.
Одлична вест за сите во клубот, а и доказ дека сите биле дисциплинирани и ги
почитувале препораките дадени од надлежните органи. Се надеваме дека здравјето
ќе не служи и дека без проблеми ќе ги изиграме преостанатите натпревари од ПМФЛ“ стои во соопштението на клубот од Струмица, а негативни се воедно и резултатите во Борец.
Кога сме веќе кај
домашниот фудбал, Управниот одбор при Фудбалската федерација на Македонија
денеска и официјално одлучи дека Првата лига ќе се прошири на 12 екипи,
Пелистер и Беласица како првопласирани од второлигашката конкуренција одат во
повисок ранг, а Првата лига ќе се доигра според комисијата за натпреварување,
со плеј-оф и плеј-аут, но без испаѓање.
Фото-вест: ФК Академија Пандев (Facebook)