Нема играно за Милан од 2023, а има повисока плата од Модриќ и Рабио!

by 24 фудбал
1 минути читање

Кога Дивок Ориги во 2022 година пристигна во Милан од Ливерпул, малкумина можеа да предвидат дека неговата кариера ќе тргне во погрешна насока. Поранешниот херој на „црвените“, кој со Ливерпул ја освои Лигата на шампионите во 2019 година, не успеа да се наметне во Серија А. Во својата прва сезона постигна само два погодоци и запиша една асистенција на 36 натпревари.

Минатата сезона беше испратен на позајмица во Нотингем Форест, но ниту враќањето во Премиер лигата не му донесе подобар период остана без гол, со само една асистенција во 20 настапи. Последен пат настапи за Милан уште во мај 2023 година против Јувентус, кога влезе во игра на неколку минути.

Во последно време Ориги дури ни не тренира со првиот тим, туку самостојно ја одржува физичката подготвеност во Фиренца или Рим.

И покрај тоа што е целосно отпишан од сите планови, тој останува еден од најплатените фудбалери на Милан со годишна плата од 4 милиони евра нето, повеќе и од Лука Модриќ и Адриен Рабио, кои се меѓу најдобрите играчи на „росонерите“ оваа сезона.

Белгиецот има договор до летото 2026 година, а во Милано веќе одамна го гледаат како фудбалер кој ќе си замине штом му се укаже прва прилика.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×