„Нема да му кажеме на Арсенал да не победи со 6-0” – Мурињо го правда настапот со втор тим

by
2 минути читање

Клубот од Олд
Трафорд смета дека до Лигата на Шампионите полесно може да стигне преку триумф
во Лига Европа, па приоритет му се дава на најмасовното европско натпреварување
во однос на Премиерлигата.

Следната неделата
Манчестер јунајтед го игра реваншот против Селта во полуфиналето, па за дербито
со Арсенал овој викенд, ќе бидат одморени неколку стандарни првотимци.

Но и покрај тоа
што ќе игра со втор тим, „Специјалниот“ најавува дека целта е освојување на три
бода.

„Ќе се обидеме да стигнеме до триумф – вели Жозе
Мурињо. „Нема да му кажеме на Арсенал, „ајде победате не со 5-0 или 6-0“. Ќе се
бориме за добар резултат
.

„Но невозможно е
да не ги одморам играчите. Не можам да настап со истиот тим со кој настапив
против Селта, и потоа истите играчи да истрчаат одново во четврток
.

„Мораме да бидеме
малку разумни за нашата ситуација во Премиерлигата, мислам дека дуелот со
Свонси (1-1) ни беше последна шанса за битката за топ четири, па сега ќе морам
да одморам неколку играчи
.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани