Големиот потенцијал во
европскиот и светски фудбал, тинејџерот Килијан Мбапе бил на само неколку часа
пред преселба во редовите на Барселона, откако Каталонците постигнале договор
со Монако околу овој трансфер.
Оваа информација осамна во документарецот за младиот Французин снимано од страна на „Л’екип“.
Барселона била гневна на
„кражбата“ на ПСЖ со Нејмар, па така, по договорот околу Осман Дембеле со Борусија Дортмунд, Каталонците
си подале рака и со Монако, а оваа операција требало да се реализира
вклучувајќи го и Турчинот Арда Туран кој требало да заврши во редовите на францускиот
првак.
Според информациите,
договорот помеѓу Монако и Барселона паднал на еден ден пред крајниот рок во
летниот трансфер период, се шпекулира дека немало ништо конкретизирано во однос
на преговорите помеѓу Монако и ПСЖ во ноќта на ден пред крајниот рок за
трансфери.