Килијан Мбапе со два гола против третолигашот Талавера го предводеше Реал Мадрид до пласман во осминафинале во Копа дел Реј, но напаѓачот доби доста критики.
„Кралевите“ играат под очекувањата оваа сезона, а тоа се види и на синоќешниот натпревар против третолигашот Талавера во шеснаесетфиналето во Копа дел Реј.
Чаби Алонсо на терен испрати прилично силен тим, но неговите избраници се мачеа, особено во завршницата и стигнаа само до победа од 2-3.
Па беа упатени многу критики на адреса на тренерот, но и на адреса на Килијан Мбапе, кој постигна два гола, а беше инволвиран и во третиот.
„Килијан Мбапе не можеше да одигра ниту една минута против Манчестер Сити поради повреда, а седум дена подоцна одигра 90 минути против Талавера. Причина за ваквото лудило очигледно е желбата на Французинот да го стигне рекордот на Кристијано Роналдо за постигнати голови во една календарска година. Тој сега има 58 погодоци, рекордот на Кристијано Роналдо е 59 погодоци. Му треба уште еден гол да го изедначи, и два да го надмине. Не изгледаше дека Килијан Мбапе е играч опседнат со вакви рекорди, но јасно е дека во последно време нешто му го привлече вниманието и дека рекордот на Кристијано Роналдо, за кој до пред две недели ништо не знаевме, мора да му се допаднал. Затоа и настапи против Талавера. И за среќа на Реал Мадрид, бидејќи во спротивно… Сепак, некој треба да му каже дека вистинскиот рекорд е оној на Модриќ – шест титули во Лигата на шампиони. А за тоа, мораш да бидеш во страшна форма во април, а не да играш против Талавера…“ – се вели во една од критиките на адреса на Французинот.
ФОТО: X/Real Madrid C.F.