Работнички изгледа како нов тим во вториот дел од сезоната, „романтичарите“ денеска ја совладаа Академија Пандев. Тоа за нив е трета победа од четири меча во ПМФЛ во овој период, одиграа реми само против лидерот Вардар.
Херој на денешниот меч беше Виктор Велковски кој постигна гол во 56. минута, погодок кој значеше победа од 1-0.
Со оваа победа Работнички излезе од опасната зона, но за да остане таму по крајот на 22. коло, Ренова треба да го загуби утрешниот меч против Вардар.
За разлика од нив, Академија Пандев веќе девет натпревари по ред не знае за победа во ПМФЛ. Денеска играа со нов тренер, но ниту Александар Таневски не донесе подобар резултат.
Покрај Ренова – Вардар, утре играат и Брец – Шкендија, Струга ТЛ – Шкупи и Силекс – Македонија ЃП.
Фото: ФК Работнички