89
На дербито од Третата македонска фудбалска лига – Исток меѓу Ударник Пирава и Победа Валандово се собраа преку 1.000 гледачи, бројка каква што нема ни на поголемиот дел од стадионите во Првата лига.
Некои наши прволигаши и никогаш немале толку навивачи, но мечот меѓу Ударник и Победа беше вистински празник за фудбалот.
Натпреварот заврши без победник, беше 0-0, но атмосферата беше над стандардите на македонскиот фудбал.