Некои нови „ѓаволи“, Јунајтед го тресна Арсенал среде Лондон! (ВИДЕО)

by bojan
1 минути читање

Манчестер јунајтед славеше против Арсенал на „Емирати“, во еден фантастичен натпревар, „ѓаволите“ со 2-3 стигнаа до нова победа.

По отказот на Рубен Аморим, Манчестер јунајтед врза две победи и тоа какви победи, прво против Манчестер Сити во градското дерби, а вечерва и на „Емирати“ против лидерот на табелата.

Во фантастичен натпревар, „ѓаволите“ се вратија од гол негатива, а одговорија и кога „топчиите“ изедначија на 2-2 во завршницата.

Резултатот беше отворен по половина час игра, Лисандро Мартинез ја затресе сопствената мрежа за водство на Арсенал од 1-0.

Но Брајан Мбеумо изедначи на 1-1 во 37. минута, а на стартот од вториот дел, Патрик Доргу прекрасно погоди од далечина за 1-2.

Мерино донесе 2-2 во 84. минута, и кога домашната публика се понадева дека завршницата ќе им припадне на нив, Куња фантастично пласираше од 20 метри за 2-3 и огромна радост на Манчестер јунајтед.

ФОТО: X/Manchester United

Можно е и ова да ти се допаѓа

×