Некогаш на „Боксинг деј“ паѓаа по 66 гола, а сега ќе се игра само еден меч – еве зошто!

by 24 фудбал
1 минути читање

Љубителите на англискиот фудбал се навикнати на богатата програма на 26 декември, попознат како „Боксинг деј“, но оваа сезона ситуацијата е поинаква.

За првпат во ерата на Премиер лигата, на овој датум на распоредот ќе има само еден натпревар и тоа дуелот меѓу Манчестер Јунајтед и Њукасл.

Ова претставува прекин на долгогодишната традиција, бидејќи „Боксинг деј“ обично е резервиран за целосно коло. Од Премиер лигата објаснија дека ваквата одлука е донесена поради згуснатиот распоред и обврските поврзани со телевизиските права. Бидејќи 26 декември годинава паѓа во петок, а лигата има обврска за 33 викенд термини и проширена европска сезона, единствениот достапен термин за тој ден му припаднал на натпреварот на „Олд Трафорд“.

Сите останати средби од 18 коло се преместени за сабота и недела, 27 и 28 декември. Иако ваквата одлука го нарушува традиционалниот дух на „Боксинг деј“, од раководството на лигата уверуваат дека станува збор за исклучок и дека веќе следната сезона, кога 26 декември 2026 ќе падне во сабота, ќе се врати стандардната богата програма.

Инаку, највозбудливиот „Боксинг деј“ беше во 1963 година, кога на десет натпревари паднаа дури 66 гола. Најубедлив беше Фулам во мечот со Лестер (10-1), а Манчестер Јунајтед загуби од Барнли (6-1).

Можно е и ова да ти се допаѓа

×