Поранешниот фудбалер на Манчестер сити, Нери Кастиљо (41), деновиве повторно се најде во фокусот на јавност откако беше забележан како продава риболовна опрема на една од плажите во Атина, сцена што брзо предизвика бројни реакции и коментари во медиумите.
По завршувањето на професионалната кариера, поранешниот репрезентативец е речиси непрепознатлив, а дополнително внимание привлече и со објава на Инстаграм, каде сподели фотографија во друштво на Новак Ѓоковиќ.
За време на активните денови, Кастиљо остави длабока трага во Олимпјакос, каде стекна статус на миленик на навивачите и освои три последователни шампионски титули. Од Грција кариерата го однесе во украинскиот Шахтјор Доњецк.
Во декември 2007 година пристигна во Манчестер сити како позајмен фудбалер, но неговата авантура во Премиер лигата заврши прерано, откако се здоби со сериозна повреда на рамото уште на првиот домашен натпревар.
По заминувањето од Англија, Кастиљо настапуваше за Днипро, Чикаго Фајр и Рајо Ваљекано, каде и се повлече.