Некогаш еден од најдобрите англиски фудбалери доби отказ во Италија со само десет одиграни минути

by Стефан
1 минути читање

Некогаш еден од најголемите англиски таленти, Деле Али повторно остана без клуб откако италјанскиот Комо предвреме му го раскина договоорот.

Деле Али не се прослави во италијанскиот тим и одигра само десет минути во кои доби и црвен картон, па така клубот одлучи да ја прекине соработката.

Во еден период од својата кариера, Деле Али важеше за еден од најдобрите во Европа и како фудбалер на Тотнем за него беа заинтересирани повеќе клубови, но потоа неговата карера тргна во надолна линија.

Тотенхем го напушти во 2022 година и се пресели во Евертон, потоа беше испратен на позајмица во Бешикташ, па еден период немаше клуб. Комо се одлучи да му даде шансе, меѓутоа не ја искористи.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×