2,2K
Eкипата на Монпелје иако е последна на табелата во француската Лига 1 сепак ја одби оставката на тренерот Жан-Лух Гасе.
Тимот бележи катастрофални резултати и сезонава освои само 15 бода и заостанува осум зад првиот тим над опасната зона, Рем.
Тренерот Жан-Луј Гасе беше подготвен да замине и ја понуди својата оставка, сепак сопственикот на клубот Оливие Николи ја одби.
Тој порача дека Гасе ќе остане на клупата до крајот на сезоната, а потоа ќе се разгледуваат можните опции.