Трансферот на Нејмар од Барселона во ПСЖ се реализираше, но тој и понатаму е главна тема во фудбалските медиуми.
„Парите не се приоритет за мене, не дојдов за пари“ – рече Нејмар на презентацијата.
Можеби Нејмар ја зборува вистината, можеби не, но газдите на ПСЖ ги урнаа сите рекорди за да го донесат и да му ја дадат платата која ќе го привлече неговиот потпис на договорот.
Од договорот со ПСЖ, Нејмар ќе заработува 30 милиони евра годишно без бонуси. Тоа е двојно од платата која ја заработуваше во Барселона.
30 милиони евра годишно, значи дека Нејмар за само еден ден заработува 82,191 евро, за еден час 3,424 евра, или секоја минута прави по 57 евра.
Просечната плата во Македонија изнесува околу 370 евра, тоа значи дека Нејмар за помалку од 7 минути заработува колку еден просечен Македонец.
Да не заборавиме дека на салдото на Нејмар се слеваат и пари од маркетинг активности, па платата е само дел од неговите примања.