Нејмар за една недела продал повеќе дресови отколку Ди Марија за цела година

by
1 минути читање

Нејмар на почетокот од овој месец ја замена Барселона со ПСЖ во зделка вредна 222 милиони евра.

Бразилецот привлекува огромно внимание и сето тоа влијае позитивно врз брендот на „Светците“.

Според Радио Монте Карло, клубот за една недела продал повеќе од 20.000 дресови со името на Бразилецот, повеќе отколку Анхел Ди Марија за цела година.

Продавниците на ПСЖ на Елисејските полиња и на Паркот на Принцовите 90% од дресовите кои ги продаваат се со името на Нејмар, и веќе одредени модели се распродадени.

Но Нејмар не влијае само врз продажбата на дресовите, посетеноста на веб страната на ПСЖ е зголемена за 7 пати во последниот период, а клубот на социјалните мрежи добил нови 2 милиона следбеници.

За лудилот кое го предизвикал Нејмар говори и фактот дека за дуелот со Гингамп, 200 новинари побарале акредитација.

Исто така се очекува присуството на Нејмар во тимот значително да ја зголеми посетеноста на Паркот на Принцовите, но и на стадионите каде ПСЖ ќе гостува.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани