Нејмар вели дека е среќен во Барса, но татко му лета за Париз

by
1 минути читање

Оваа недела се појавија голем број на стории за заминување на Бразилецот и рекорден трансфер во ПСЖ.

„Светците“ се подготвени да платат 222 милиони евра и да ја активираат откупната клаузула во договорот на играчот доколку тој каже ДА.

Вчера се појавија информации дека Нејмар дал зелено светло за реализирање на зделката со која ќе се испишат нови страни во фудбалската историја.

Во меѓувреме, Нејмар се огласи и истакна дека е среќен на Камп Ноу: „Одлично се адаптирав во градот и клубот, среќен сум тука“.

Но таткото на играчот денеска лета за Париз, каталонската радио станица, РАЦ 1 пишува дека Нејмар сениор резервирал билети за престолнината на Франција.

Неговата посета на градот на светлината е непозната, но многумина веруваат дека не е случајност што тој патува за Париз кога има силни гласни за трансфер на неговиот син во ПСЖ.

Во меѓувреме, Мундо Депортиво пишува дека Нејмар останува на Камп Ноу, а за ова, управата на клубот добила потврда и од играчот и од неговиот татко.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани