„Кариоките“ ги
стартуваа квалификациите за мундијалот во 2026 со две победи, но синоќа дружината
предводена од Нејмар потфрли против Венецуела и одигра само 1-1, гостите во
финишот со атрактивниот гол со ножички на Бељо ја замолкнаа публиката во Кујиба.
По крајот на
натпреварот, навивачите упатија свирежи до своите миленици и за малку ќе дојдеше до
голем инцидент
Кога Нејмар се
упати кон тунелот, од трибините полета кутија пуканки и го погоди во глава.
Напаѓачот збезна,
почна вербална конфротација, дури сакаше да тргне и физички да се пресмета, но
беше сопрен од соиграчите и луѓето од персоналот на репрезентацијата.
EITA! O QUE FOI ISSO? JOGARAM PIPOCA NO NEYMAR E ELE FICOU REVOLTADO! MANDOU O TORCEDOR PRA AQUELE LUGAR! Alerta de clima muito tenso na Arena Pantanal! Pqp! O que aconteceu? O camisa 10 ficou muito bravo! pic.twitter.com/49XtPfHZG5
— TNT Sports BR (@TNTSportsBR) October 13, 2023
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.