Нејмар: Сонувам да бидам најдобар

by
1 минути читање

Ѕвездата на каталонскиот гигант Барселона, Нејмар во интервју за „Франс фудбал“ вели дека од доаѓањето во Барселона до сега не се променило ништо во однос на неговиот статус.

„Секогаш ја имав истата улога, од доаѓањето, па се до овој момент, ништо не се промени, секогаш сум ја превземал одговорноста кога е тимот во прашање, секој има своја улога“ вели Нејмар.

Во однос на неговите амбиции, Бразилецот има една јасна цел во својата кариера, а тоа е да биде најдобар.

„Сакам да играм со најдобрите играчи во светот, во однос на тоа кој е најдобар тука немам никакви дилеми, зарем постои подобар од Лео Меси? Сонувам да станам најдобриот фудбалер во светот, мислам дека можам, полека но сигурно, не брзам никаде“ дополни Бразилецот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани