Нејмар со еден потег дополнително си ги уништи шансите да заигра на СП! (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

Сантос со 2-0 го победи Ремо во меч од бразилската лига, а Нејмар направи глупост поради која си ги намали шансите да добие повик од Анчелоти за настап на Светското првенство.

Ионака не се очекува Анчелоти да го повика Нејмар, но Бразилецот има уште неколку натпревари за да докаже дека заслужува повик, сепак тој самиот си ги урива шансите.

Ноќеска против Ремо, Нејмар имаше асистенција, но во финишот направи глупост поради која ќе го пропушти дербито против Фламенго.

Нејмар со својот понижувачки потег го навлече гневот на противникот од кој доби намерен и груб удар. Ѕвездата на Сантос реагираше бурно, веројатно и кажа нешто што не треба па доби жолт картон.

Тоа значи и суспензија за следниот натпревар, дербито против Фламенго, меч на кој Нејмар требаше да покаже зошто заслужува повик од Бразил.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×