Бразил го доби
пријателскиот натпревар против Хрватска на Енфилд со 2-0. Стрелеци на погодоците
беа Фирмино и Нејмар, кој го имаше својот кам-бек на терените по незгодната повреда и
фрактурата на стапалото.
Напаѓачот влезе
во игра на стартот од вториот дел и за кратко време ги раздвижи „Кариоките“, кои
некако не делуваа заинтересирани за надигрување во првото полувреме.
Нејмар, кој
последен пат настапи на крајот од февруари, постигна гол по само 24. минути
поминати на теренот. Ѕвездата на ПСЖ издрибла тројца играчи на Хрватска и
биеше толку силно од пет метри што Субашиќ не ја виде топката.
Точка на
натпреварот стави Фирмино кој погоди на асистенција на Касемиро длабоко во
судиското надополнување.