Како што пренесуваат медиумите од Бразил, Нејмар морал да се откаже од 15% од платата која му следувала, или околу 10 милиони долари, за да добие раскин на договорот со Ал Хилал.
Авантурата на Нејмар во Саудиска Арабија заврши, Ал Хилал денеска соопшти дека на взаемна согласност е раскинат договорот на напаѓачот.
Како што пренесуваат медиумите од Бразил, Нејмар морал да направи големо финансиско „жртвување“ за да се случи ова.
Глобоеспорте објави дека Нејмар морал да се откаже од 15% од сумата која му следувала според договорот до крајот на сезоната, односно речиси 10 милиони долари (до 30. јуни треба да инкасира плата од 65 милиони долари).
Бројката можеби е голема, но е смешна ако во предвид се земе тоа дека Бразилецот поради повреда едвај одигра 428 минути во дресот на Ал Хилал во период од дури 18 месеци и неговите настапи во Саудиска Арабија се бројат на прсти.