Бразил пристигна
како главен фаворит за златото во Русија но авантурата на „Кариоките“ заврши
уште во четвртфиналето откако избраниците на Тите вчера загубија од Белгија со
2-1.
Нејмар успеа да
ја санира незгодната повреда пред почетокот на Светското првенство, но не успеа
да блесне на големата сцена, па многумина го посочија како главен виновник за
елиминацијата.
Напаѓачот молчеше
по поразот од Белгија, но попладнево се огласи на социјалните мрежи.
„Можам да кажам
дека ова е најтажниот момент во мојата кариера, болката е неверојатна бидејќи
знаевме дека можеме до самиот крај, знаевме дека имаме услови да одиме
понатаму, да испишеме историја“ – напиша фудбалерот на Инстаграм.
„Но не ни било
пишано. Тешко ми е да најдам сила да играм фудбал повторно, но сигурен сум дека
Бог ќе ми даде сила да се соочам со било што, па нигакош нема да престанам да му
бидам благодарен на Бог, дури и во пораз… бидејќи знам дека твојот пат е
многу подобар од мојот. Многу сум среќен што бев дел од овој тим, горд сум на
сите. Ни го прекинаа сонот, но не го извадија од нашите мисли, од нашите срца“.
Во дополнителен
пост на Инстаграм стори, Нејмар додаде: „Им благодарам на сите оние кои ни
испратија пораки со поддршка“.