Информациите од Бразил велат дека Нејмар и дефинитивно нема да добие повик од Карло Анчелоти за настап на престојното Светско првенство во САД, Мексико и Канада.
Нејмар не доби повик за мартовските натпревари, по што фудбалерот се огласи со видео на социјалните мрежи најавувајќи дека напорно ќе работи за да биде викнат за Светското првенство.
Потоа почна кампања во која неколку бразилски ѕвезди како Роналдињо, Ромарио… го кренаа гласот против Анчелоти порачувајќи дека Нејмар мора да оди на Светско.
Италијанецот смета дека Нејмар го користи своето влијание за да изврши притисок и преку медиумите и преку дел од легендите.
Тоа креирало лоша атмосфера во Бразил, наративот бил тие наспроти нас фановите, пробувајќида ја оделат обичната бразилска публика од луѓето кои ја водат репрезентацијата.
Ова не му се допадналот на Анчелоти кој дефинитивно го пречкртал Нејмар од можноста да игра на Светско.
Нејмар последен пат за Бразил играше во 2023 година.