Нејмар прв повлече чекор за мир во куќа

by
1 минути читање

„Светците“ оваа
недела беа во центарот на вниманието откако настана „војна“ помеѓу Единсон
Кавани и Нејмар.

Уругваецот пред
дуелот со Лион во два наврати не му дозволи на Нејмар да изведе пенал, а
двајцата играчи одново се натегаа кој да шутира и во неделата.

Но последниот
инцидент ја прели чашата, па расправијата од теренот продолжила во
соблекувалната.

Кавани му кажал
на Нејмар дека не е задоволен од неговото однесување, Бразилецот се налутил и
за малку ќе дошло до тепачка доколку не интервенирал капитенот Силва.

Па инцидентот придонесе двајцата играчи да имаат итна средба со првиот човек на
клубот, Насер Ал Келаифи, спортскиот директор Антеро Енрике и тренерот Унаи
Емери, а во меѓувреме се појавија и гласини дека Нејмар бесен на случувањата
побарал Единсон Кавани да биде продаден.

Останува да се
види како ПСЖ ќе ја менаџира ситуацијата и кој ќе биде прв изведувач на пенали
во иднина, но Бразилецот прв повлече потег за мир во куќа.

Лекип пишува дека
Нејмар по денешниот тренинг им се извинил на соиграчите за неговите постапки и
инцидентот во соблекувалната. Тиаго Силва бил преведувач за сите да ја разберат
пораката.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани