Нејмар призна: Многу сум тажен и разочаран…

by Стефан
1 минути читање

Карло Анчелоти вчера го објави списокот на Бразил за пријателските натпревари со Хрватска и Франција, а на него не се најде Нејмар.

Иако имаше надеж дека повторно ќе го облече националниот дрес во пресрет на Светското првенство, тоа засега не се случува. Самиот Нејмар не го крие разочарувањето, нагласувајќи дека ситуацијата го погодила, но дека останува посветен на секојдневната работа и обврски.

„Разочаран сум што не сум повикан, но продолжувам да работам напорно, тренинг по тренинг, натпревар по натпревар“, порача напаѓачот, додавајќи дека надежта за место на Мундијалот ова лето сè уште постои.

Селекторот Карло Анчелоти, пак, остави отворена врата за евентуално негово враќање, потенцирајќи дека конечната одлука за настап на Мундијалот ќе зависи од формата што Нејмар ќе ја покаже во периодот што следува.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×