253
Нејмар не се појави во недела на Паркот на Принцовите. Победата на ПСЖ над Тулуз од 4-0 ја прославил во својот дом.
Но, Нејмар се радувал и на победата на Барселона над Бетис. На инстаграм тој им лајкнал и на Антоан Гризман и на Серхи Роберто на постовите во кои ги славеле нивните погодоци.
Ова не било практика и порано на Нејмар, па шпанските медиуми го сфаќаат како знак. Можеби показател за тоа кој ќе биде следниот клуб на Нејмар, а можеби само истанување на неговата желба дека повторно сака да го облече дресот на Барселона.